ПУТИН ГО НАПАДНА КИЕВ СО АМЕРИКАНСКИ ДЕЛОВИ?! Откриена е шокантната позадина на нападот врз украинската влада

Во рускиот напад со ракетата Искандер што ја погоди зградата на украинската влада на 7 септември, покрај руски и белоруски делови, пронајдени се и делови од американско производство, објави Владислав Власјук, ополномоштен претставник на претседателот на Украина.

Според него, пронајдената ракета содржела вкупно 100 компоненти, од кои околу 35 биле од американско, а 57 од руско потекло, пренесува УНИАН.

Власјук изјави дека, во споредба со ракетите што се користеа во претходните години, оваа имала помал број западни компоненти, додека присуството на руски и белоруски делови се зголемило

Тој додаде дека податоците за составот на ракетата се доставени до меѓународните партнери со цел да се одговори преку дополнителни санкции.

Нападот врз зградата на украинската влада се случи на 7 септември, како дел од поширок ракетен напад на руската војска врз неколку региони на Украина, објави „Киев Индепендент“.

Владини извори, исто така, посочуваат дека нападот се случил кратко откако рускиот претседател Владимир Путин се вратил од Кина, каде што се сретнал со кинескиот лидер Си Џинпинг.