– Рускиот претседател Владимир Путин го одликува претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска (РС) Милорад Додик со Орден „Александар Невски“.
Путин му го додели орденот на Додик со официјална уредба, објавена на интернет-порталот на руската Влада, за „голем придонес во развојот на културно-хуманитарните врски меѓу народите на Русија и Босна и Херцеговина“.
Орденот „Александар Невски“ им се доделува на Русите за придонес на земјата со работата во државните служби најмалку 20 години.
Орденот се доделува и на истакнати странски политичари, членови на јавноста или претставници за нивната улога во развојот на мултилатералната соработка со Русија.