Цеца ја откажа забавата за својот 50 роденден! Започна со подготовките, но сфати дека не ѝ е за славење! Еве што се случи (фото)

Светлана Цеца Ражнатовиќ во последен момент одлучи дека годинава нема да го слави роденденот, 50-годишниот јубилеј.

Иако со месеци ја подготвуваше роденденската прослава во еден познат белградски хотел со помош на нејзината сестра и најблиските пријатели, Цеца прославата ја откажала поради сè што и’ се случило на нејзината ќерка Анастасија која сè уште се опоравува од загубата на своето бебе.

Пејачката така 14 јуни, денот на нејзиното раѓање, ќе го помине во својата вила во Љутиче, опкружена со најблиските.

– Цеца била наговорена од нејзината сестра Лидија и пријателите оваа година да направи голема прослава за нејзиниот роденден. Иако на почетокот не била за тоа, кога сфатила дека со месеци тие не се откажуваат од таа идеја и дека се ќе организираат, некако прифатила. Таа веќе почна да се подготвува за тој ден и купила фустан за таа вечер, но пред неколку дена сепак одлучи да ја откаже прославата.

Сфатила дека поради Анастасија и нејзината состојба сè уште не е време за голема радост.

Иако и самата Анастасија била за одржување на забавата, Цеца по разговорот со неа и со останатите членови на семејството решила дефинитивно да се откаже од неа. Едноставно, не би се чувствувала добро поради сè и знае дека не би била атмосферата каква што знае да ја има на сите прослави што ги организираат семејството Ражнатовиќ – ни изјави извор близок до ова семејство.

Да потсетиме, својот трет роденден неодамна го прослави и првиот внук на Цеца, Жељко, но поради ситуацијата со Анастасија, Ражнатовиќи немаа голема прослава, туку роденденот го прославија во кругот на семејството во Тител.