ТУРЦИЈА КУПУВА 2 носачи на авиони! Ердоган ги откри плановите, а потоа испрати порака до Израел: Никој не може да крене РАКА на Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата изјави дека Турција ќе добие два нови носачи на авиони и ја повтори својата поддршка за народот на Палестина.

Ердоган објави порака по повод 100-годишнината од основањето на модерната турска држава и уште еднаш се сврте против Израел. Тој нагласи дека никој не може да ја спречи Турција да стане „победник“ и додаде дека никој не може да „крене рака“ на Газа.

– Каде што има човек кој е угнетен и жртва на прогон, Турција е таа која брза да му помогне, го фаќа за рака, го крева и му помага во проблемите. Овој став го покажавме во минатото во Кореја, Кипар, Ирак, Сирија, Либија, Јемен и на крајот во Карабах. Денеска го покажуваме истиот дециден однос кон Палестина и Газа. Се обидуваме да им помогнеме на луѓето во Газа. Дел од тоа беше и големиот митинг за Палестина што го организиравме со учество на милион и пол луѓе. Ниту една империјалистичка сила нема да може да ја спречи Република Турција да биде успешна и победничка – ова е главната порака на Ердоган во неговиот свечен говор во Истанбул.

турската армија

Претходно, на Босфорот се одржа демонстрација на сила со голема поморска парада на која учествуваа 100 воени бродови на турската морнарица.

– Повторно ќе се договориме со шпанските и се надеваме дека ќе ги зголемиме нашите носачи на авиони на два – рече претседателот на Турција

Ердоган нагласи и дека до крајот на годината бројот на населението на Турција ќе надмине 86 милиони.

– Дај Боже, заедно да видиме Турција од 100 милиони во не така далечна иднина – додаде Ердоган.