ЛЕОНАРДО ДИКАПРИО ВО НЕПРИЈАТНО ВУЛГАРНА СЦЕНА СО НОВАТА ДЕВОЈКА: Му ја стави раката во долната облека, сето тоа снимено со камера

Вечниот ерген како што многумина го нарекуваат, Леонардо ди Каприо и неговата девојка Виторија Черети присуствуваа на забавата по повод Ноќта на вештерките (31 октомври) во саботата вечерта на периферијата на Западен Холивуд.

Нивниот интимен момент е снимен. Тие едноставно не можеа да ги контролираат своите страсти.

Камерата го „улови“ Леонардо ди Каприо како се бакнува со италијанска манекенка која носеше црвена перика, а потоа таа му ја стави раката во долната облека .

Моментот од сликата е снимен кога парот излегол на свеж воздух. Луѓето кои случајно се нашле во нивна близина велат дека актерот на ист начин и одговорил на девојката. Меѓутоа, кога забележале дека се снимаат, веднаш се вратиле на забавата. Сето тоа траеше неколку минути.

Леонардо Дикарио и Викторија Серети се во врска неколку месеци, досега не биле видени во ваква „интимна“ ситуација. Извори претходно изјавија дека нивната романса е многу сериозна и покрај тоа што не трае долго , пишува TMZ.