Путин доби покана од моќен принц која не може да се одбие! Еве што му порача саудискиот престолонаследник на рускиот претседател за крајот на војната во Украина (ФОТО)

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека неговата земја ги поддржува „сите иницијативи“ насочени кон ставање крај на војната во Украина, соопшти денеска саудиското Министерство за надворешни работи.

Агенцијата Франс прес пренесува дека Бин Салман, кого тој го нарекува де факто лидер на кралството, во телефонскиот разговор со Путин ја потврдил „посветеноста на Саудиска Арабија да го олесни дијалогот и да ги поддржи сите иницијативи насочени кон постигнување политичко решение“ за војната што започна во февруари 2022 година со почетокот на руската инвазија на Украина.

Разговорот се одржа откако беше изнесен предлогот за триесетдневен прекин на огнот по разговорите меѓу делегациите на САД и Украина во вторникот во Џеда, Саудиска Арабија.

зелено.jpg

Кремљ претходно извести за телефонскиот разговор, велејќи дека Путин ги цени напорите на Саудиска Арабија, каде што на 18 февруари се одржаа руско-американски разговори.

Путин вчера изјави дека поддржува прекин на огнот во Украина под услов да се решат некои „важни прашања“.

Тој говореше на денот кога пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, требаше да и’ претстави на Москва предлог за 30-дневен прекин на огнот.

xxx02 АП Максим Шеметов.jpg

Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите со украинските претставници во Џеда изјави дека „топката сега е на теренот на Русија“.

Според соопштението на Кремљ, Путин на саудискиот престолонаследник му ја пренел „важноста за решавање на украинската криза и ја изразил својата подготвеност да продолжи да придонесува на секој можен начин за нормализирање на руско-американските односи“.

tramp01 EPA Јуриј Кочетков.jpg

За време на руско-американските разговори на 18 февруари, Рубио и неговиот руски колега Сергеј Лавров се согласија да формираат тимови задолжени да најдат решенија за ставање крај на војната во Украина.