Претседателот на СРС, Воислав Шешељ, рече дека очекува руската специјална операција во Украина мора да се изврши побрзо.
– Русите се трудат што повеќе да го зачуваат цивилното население и нивните борци, а Украинците воопшто не размислуваат за цивилното население. За Украинците нивните војници се само топовско месо и никому не му е гајле колку нивни војници гинат таму – изјави Шешељ за ТВ Прва.
Радикалниот лидер вели дека Русија мора да оди до крај додека не ја „ослободи цела Украина“.
– Ако остават само еден дел од Украина под доминација на Западот, тоа ќе биде нов мост за идни напади врз Русија – изјави Шешељ.