ПУТИН: Нуклеарно оружје ќе биде распоредено во Белорусија!

Во саботата Русија префрли 10 авиони способни да носат тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, објави новинската агенција ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека распоредувањето нуклеарно оружје во Белорусија нема да ги прекрши договорите за неширење на нуклеарното оружје.

Да потсетиме, Путин претходно се осврна на најавата на Велика Британија дека ќе и доставува гранати со осиромашен ураниум на Украина, наведувајќи дека Русија ќе биде принудена да реагира.

„Во тој поглед, сакам да напоменам дека, ако сето ова се случи, тогаш Русија ќе биде принудена да реагира соодветно, мислам на фактот дека колективниот Запад веќе почнува да користи оружје со нуклеарна компонента“, рече Путин.