Путин: Русија успешно тестираше нова стратешка ракета со нуклеарен погон

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија успешно извршила тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен погон од новата генерација.

„Извршен е последниот успешен тест на Буревестник, крстосувачка ракета со глобален дострел со нуклеарна инсталација, нуклеарен погонски систем“, изјави Путин, цитиран од Телеграф.

Рускиот претседател зборуваше на форумот Валдаи во Сочи, Русија.

Развојната програма Буревестник Путин ја објави во март 2018 година како дел од пошироката иницијатива за развој на нова генерација интерконтинентални и хиперсонични ракети.

Меѓу нив беа балистичката ракета Кинжал и хиперсоничното возило Авангард.