,,Путин се изненади, ова уште никој не му го направил”: Ситуацијата толку многу го збуни што неколку пати се отпоздравуваше

На социјалните мрежи кружи видео од рускиот претседател Владимир Путин како држи говор пред неколку амбасадори и на видеото се гледа како Путин се најде во неочекувана ситуација.

Откако го одржа својот говор, тој очекуваше неговите зборови да бидат проследени со аплауз, како што тоа обично функционира, но тоа не се случи.

Амбасадорите по говорот останаа ,,смрзнати”, не ни мрднаа, а камоли да ракоплескаат. Лицето на Путин покажа изненадување од неочекуваната ситуација.

Ситуацијата толку многу го збуни што неколку пати се отпоздравуваше, како да бараше аплауз.