Путин: Сквернавењето на Куранот е злосторство во Русија

 – Претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера изјави дека сквернавењето на Куранот во некои земји не се смета за злосторство, но дека во Русија тоа се казнува.

„Кај нас тоа е кривично дело и по Уставот и по кривичниот закон“, рече Путин.

Путин престојуваше во Дербент, во Република Дагестан, во југозападниот дел на Русија, каде што ја посети историската џамија и се состана со муслиманските претставници од Дагестан.

На рускиот лидер му е подарен примерок на Куран, светата книга на муслиманите, на првиот ден од муслиманскиот празник Курбан бајрам.

„Куранот е свет за муслиманите и треба да биде и за другите. Секогаш ќе се придржуваме до ова правило“, рече Путин заблагодарувајќи се за подарокот.

ТРТ БАЛКАН