Путин тврди: „Русија е се поблиску до создавање вакцина против ракот“

Русија е се поблиску до создавање вакцини против рак, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека може да се смета на нивна рана примена во индивидуалната терапија.

„Го доближивме создавањето на таканаречените онковакцини – вакцини против ракот – и новата генерација на имуномодулаторни лекови. Очекувам дека наскоро тие ефективно ќе се користат како методи на индивидуална терапија“, рече Путин за време на пленарната сесија на Форумот на идните технологии.

Тој рече дека новите откритија во областа на медицината треба да им бидат достапни на луѓето и широко да се применуваат во примарната здравствена заштита, пренесува РИА Новости.

„Новите откритија во областа на медицината, методите на превенција, лекување, новите лекови и опрема сами по себе не значат многу.” рекол тој.

Путин најави зголемување на средствата за иновации во медицината и фармакологијата.