Путин чека понуда од американсите служби за размена на затвореници: Еве кој е на списокот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на прес-конференција изјави дека е подготвен да ја слушне понудата на САД во врска со американските државјани Пол Вилан и Еван Гершкович, кои се во притвор.

Непосредно пред Путин да зборува за ова прашање, рускиот суд пресуди дека Гершкович, исто така, мора да остане зад решетки најмалку до 30 јануари.

Американскиот државјанин Пол Вилан, извршен директор на компанија за корпоративно обезбедување со седиште во Мичиген, исто така е затворен во Русија од неговото апсење во 2018 година под обвинение за шпионажа.

Владимир Путин

Одговарајќи на прашање на американските медиуми, Путин рече: „Не одбиваме да ги вратиме. Сакаме да постигнеме договор и овие договори мора да бидат заемно прифатливи и да одговараат на двете страни. Имаме контакти со нашите американски партнери за ова прашање и дијалогот е во тек“, додаде Путин.

Двапати во последните 18 месеци, САД разменија руски затвореници за американски.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во април 2023 година изјави дека околу 60 руски државјани се во американски притвор. Во август американските медиуми објавија дека 25 од нив се во федерални затвори.