Работник го загуби животот при изградба на патот Кичево-Охрид

На 29.01.2025 година во 13,20 часот во Полициско одделение Кичево било пријавено дека З.Т.(51) од Кичево додека извршувал работни задачи на дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, кој е во изградба, паднал и починал.

Од страна на лекар од Итната помош во болницата Кичова е констатирана смрт, а контролата ја извршиле полициски екипи и трудов инспектор.

По наредба на јавен обвинител, мртвото тело на починатиот е предадено на обдукција.