Работник на аеродром загина кога го вшмукал мотор на авион на пистата (ВИДЕО)

За овој случај е отворена истрага

Работник на меѓународниот аеродром Сан Антонио во Тексас загинал откако бил вшмукан во моторот на авионот.

Службите за итни случаи излегле на пистата во петокот околу 22:30 часот по дојава дека работник бил вшмукан во моторот на авионот кој штотуку слетал.

Се работи за лет на „Делта ерлајнс“ од Лос Анџелес, на кој работел само еден мотор во моментот на инцидентот.