РАДИКАЛЕН ПРЕСВРТ ВО ВАТИКАН – Папата Франциско официјално одобри: “Свештениците може да благословуваат истополови парови“
Папата Франциско официјално ги овласти свештениците да благословуваат истополови парови, пишува Associated Press (АР).
Ова се наведува во документот објавен од Ватикан во понеделникот, во кој оваа радикална промена во Католичката Црква, како што ја нарекува AP, е објаснета со зборовите дека луѓето кои бараат Божја милост и љубов не треба да подлежат на „исцрпен морал“.
Документот всушност дополнително ја објаснува содржината на писмото што Папата го испрати до двајца конзервативни кардинали, кое беше објавено уште во октомври. Во тоа писмо Папата сугерираше дека таквите благослови може да се дадат во одредени околности, ако во исто време е апсолутно јасно дека ритуалот нема никаква врска со бракот.
Новиот документ ја повторува аргументацијата на Франциско и дополнително ја објаснува, прво со јасно потврдување дека бракот е доживотна тајна меѓу маж и жена. Исто така, јасно е наведено дека благословот не може да се даде истовремено со склучувањето на граѓански брак и/или партнерство, ниту во околности кога е јасно дека облеката и гестовите на собраните укажуваат дека се работи за свадба.
Сепак, се наведува дека таквиот благослов не треба да се одбие априори.
„На крајот на краиштата, благословот обезбедува начин луѓето да ја зголемат својата вера и доверба во Бога. Затоа, барањето за благослов ја изразува и негува отвореноста на трансцедентноста, благодатта и Божјата близина во илјада конкретни животни ситуации, што не е мала работа во денешниот свет“, се вели во писмото.