Кавадарци годинава ќе озелени нови 10 илјади квадратни метри, рече денеска за МИА, Димитар Радњански, раководител на општинската служба „Мој општинар“, на стартот на подигањето на првата зелена површина на Северен булевар. Тој информираше дека Општината, преку „Мој општинар“, започна со реализација на проектот за озеленување и подигање на нови зелени површини, на повеќе локации во градот.
– Денес работиме на подигање на првата зелена површина на булеварот, кај пам трак патеката. На околу 1.500 квадратни метри површина, ќе бидат засадени трева, дрворед, нискостеблести грмушки и растенија. Еко акцијата ќе продолжи и во наредниот период, додаде Радњански.
Тој нагласи дека Општината има повеќе зеленило од тоа што е минимум предвидено во генералниот план.
– Наша трајна заложба е тоа зеленило да се зголемува во континуитет, со цел поеколошка средина, како предуслов за здрав живот, истакна Радњански.