Разбиена криминалната група на Дарко Елез: Во акцијата КОД уапсени 15 лица осомничени за дилање дрога

Поради сомнение дека се занимаваат со продажба на разни видови наркотици, во полициската акција „Код“ се уапсени 15 лица.

Акцијата ја спроведоа припадници на полициската управа Источно Сараево, заедно со Дирекцијата за организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, во соработка со Европол. Со оваа акција била разбиена криминалната група на чело со Дарко Елез, пишува Српска инфо.

„Според наредбата на Окружниот суд во Источна Сараево и надзорот на Окружното јавно обвинителство во Источно Сараево, во тек се претреси на 27 локации, во областа на Источно Нови Сараево, Источна Илиџа, Пале, Источен Стари Град, Бања Лука и кантонот Сарјево. Моментално се уапсени 15 лица“, истакнаа од ПУ Источно Сараево.

Дејството е насочено против група која е осомничена дека подолг период договарала набавка, дистрибуција и исплата на разни видови дрога како кокаин, хероин, марихуана, амфетамин, екстази и други супстанции за производство на наркотични дроги во подрачјето на Источно Сараево и со тоа сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

,,Противправната имотна корист прибавена со извршувањето на ова кривично дело изнесува 2.750.000 КМ“, потенцираат од ПУ Источно Сараево.