Ова е Емира која беше убиена од нејзиниот маж: Молела за помош, никој не ја заштитил, а на крајот била убиена пред очите на нејзиното дете (ВИДЕО)

Јавноста во БиХ е во шок откако Анел Б.(34) ја убил својата невенчана сопруга Емира М.(31) пред очите на нивниот четиригодишен син.

Беќировиќ, да потсетиме, по злосторството побегнал во својот стан во населбата Храсно, каде се заклучил со синот, по што со часови траеле преговорите со полицијата за да се спаси детето. На крајот бил уапсен од припадниците на Специјалната единица на МВР на кантонот Сараево.

Според тамошните медиуми, Емира М. го напуштила Анел Б. и неодамна си нашла друг партнер. Со синот живеела во стан под кирија во населбата Апипашино Поље.

Емира Маслан, Анел Беќировиќ

Аваз наведува дека при претресот на станот и автомобилот во Храсно, полицијата го пронашла пиштолот со кој Беќировиќ ја убил својата невенчана сопруга. При претресот не е пронајдена дрога.

Адвокатот Омар Мехмедбашиќ за новинарите изјави дека Анел Б. и претходно имал проблеми со сопругата. Тој и претходно бил осуден за семејно насилство, за што одлежал три месеци.

-Анел беше внимателен татко, морам да го кажам тоа, ми кажа дека ја сака. Ова е трагичен крај на една љубов. Тоа е сè што можам да кажам. Мислам дека тој не е криминално лице – рече Мехмедбашиќ.

Според локалните медиуми, Емира била со детето во безбедна куќа бидејќи немала друг излез.

-Анел беше наркоман. Ja малтретирал Емирa на секој начин. Никој не сакаше да ја заштити и да и’ помогне да обезбеди безбеден живот за себе и за детето. И’ се заканувал на нејзиното семејство – изјавила за порталот Black Chronicle пријателката на Емира.

Секоја средба на невенчаните сопружници по напуштањето на сигурната куќа била нова траума за Емира.

– Таа се бореше да го заштити детето. Таа се пожали на работата на Центарот за социјална работа во Ново Сараево. Посебно се разочарала кога социјалниот работник и’ рекол дека Центарот за социјална работа ќе ја тужи затоа што не му дала дете на чување на татко кој е наркоман.Амел го земаше кога сакаше, не го враќаше на време, ќе го исклучеше мобилниот кога ќе го земеше детето – додава пријателот.