РАЗВОД НА ДЕЦЕНИЈАТА Роналдо ја плаќа, а атрактивната Џорџина би можела да му ги земе СИТЕ ПАРИ /ВИДЕО/

Веќе некое време се шпекулира дека долгогодишната врска помеѓу Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо е пред крај поради ароганцијата на Шпанецот. На тие приказни мораше да реагира и невенчаната сопруга на некогаш најдобриот светски фудбалер.

Таа на својот Инстаграм профил демантираше дека по седум години раскинува со Португалецот. Тоа го направила со порака доцна навечер.

– Љубоморните измислуваат приказни, а озборувачите ги шират – изјавила Џорџина на Инстаграм.

Португалските медиуми отидоа дотаму што објавија дека Родригез ќе добие 35 отсто од имотот иако не се во брак, од кој таа роди две ќерки. Наводно ќе инкасира 350 милиони евра.

Сепак, таа негира дека има раздор со Кристијан и дека се е во најдобар ред, откако сите се преселиле во Ријад, каде Роналдо игра за Саудиска Ал Наср.

Роналдо не реагираше на овие приказни…