РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ ФИЛИПИНИ: Земјотрес со јачина од 7,5 степени ја потресе земјата

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините.

Земјотресот е регистриран на околу 20 километри од Хинатуан, каде живеат околу 10.000 луѓе.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Според неофицијални информации, некои делови останале без струја.

На веб-страницата на ЕМСЦ граѓаните наведуваат дека земјотресот траел долго и бил исклучително силен.

Мислам дека траеше околу 30 секунди“, рекол еден од корисниците.

„Оваа е многу посилна од онаа што удри на 17 ноември. Јас сум во Давао Сити, уште се луламе лево-десно“, напиша друг.