Министерството за здравство соопштува дека е разрешена директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, Каролина Симоновска. На нејзино место е поставена Катерина Бошковска, која, како што соопшти министерството, е дел од тимот на оваа институција повеќе од дваесет години.
„Бошковска е супспецијалист по детска пулмологија. Во рамките на својата академска дејност е вклучена во активностите на катедрата на УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.
Министерството за здравство и’ се заблагодарува на досегашната посветеност на досегашната директорка Каролина Симоновска“, соопшти Министерството за здравство.