РАЗРЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА- Девојките масовно почнале да се онесвестуваат, а биле со километри оддалечени: „Опасноста дојде од WhatsApp“!?

Инспекторите се сомневале на бактерии, нарко картели и лекови, труење со вештачки ѓубрива…

Што предизвикало стотици девојки во Мексико да се онесвестат во градовите кои се оддалечени стотици километри? Сцените во септември 2022 година во неколку мексикански училишта наликуваа на сцени од серијата за необјаснети мистерии: 12-годишната тинејџерка Есмералда влегува во тоалетот на едно училиште во Тапачухла. Зад неа влегува нејзината пријателка. И двете се онесвестуваат. За еден час, уште девет девојчиња и едно момче паднале во училниците или во училишниот двор. Дваесет и двајца други студенти пријавиле невообичаени симптоми; гадење и повраќање. Болни деца лежеа на сите страни. Некои, како Есмералда, се грчеа на земја. До следниот ден, сите се опоравија.

По две недели во гимназијата во Бочихилa, на околу 200 километри од Тапачухла, 68 деца се онесвестиле. Поголем број почувствувале гадење и повраќање. Четири дена подоцна, уште еден инцидент во Тапачуала, каде што 18 девојки се онесвестиле. На Есмералда повторно и се слошило кога влегла во женскиот тоалет, овој пат почувствувала необичен мирис, како горење. Почна да и се врти, мислеше дека виде крв. Таа избегала на отворено. Училиштето се затворило и започнала голема истрага.

Во следните два месеци, Мексиканците следеа нови мистериозни напади на несвестици и гадење во шест различни средни училишта. Евидентирани се вкупно 227 случаи. Сите се опоравија, неколку студенти беа болни уште малку; најмногу неколку недели. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор редовно известуваше за големата истрага на дневните прес-конференции. Од септември минатата година, беа развиени неколку теории за тоа што се крие зад масовните несвестица во мексиканските средни училишта на оддалеченост од стотици километри едни од други.

Онесвестените немале никаква врска со дрога

Училишната администрација и истражителите во Тапачуала прво се посомневале за дрога. Тие направија темелна потрага. Не нашле опијати. Со оглед на тоа дека Есмералда пријавила мирис на изгорени лисја, се посомневале во марихуана. Сите тестови на Есмералда за различни опијати биле негативни. Некои ученици видоа прашок со боја на сенф во училишниот тоалет. Една од девојчињата раскажала како се чувствувала како мравки да и шетаат околу устата. Инспекторите се запрашале дали се работи за кокаин. Сомнежи паднаа и на училишни сендвичи, вреќи со храна… Токсиколошките наоди не открија ништо, па лекарите констатираа дека се работи за колективен напад на паника. Голем број ученици биле тестирани на различни дроги – марихуана, кокаин, разни опијати, метамфетамин, амфетамин… бидејќи родителите не можеле да смислат подобро објаснување за медицинските проблеми на девојчињата.

На социјалните мрежи и во медиумите се појавија неколку теории: вдишување чад или некои испарувања, труење со вештачко ѓубриво, ретка бактериска инфекција, а угледниот Ел Паис внесе во приказната „непозната супстанца“ која „можеби се крие во изворите на вода“. Дел од медиумите се посомневаа дека има истекување на гас. Со текот на времето, фокусот се врати на дрогата и застрашувачката улога на мексиканските нарко картели. Хипотезата за злосторствата на нарко-картелите се базираше на првите случаи од Чиапас, регион каде шверцот е многу интензивен. Инспекторите потоа ги известиле во Бочила дека трагаат по маж со голема тетоважа кој бил виден во близина на училиштето непосредно пред инцидентот. Еден истакнат адвокат ја предложи теоријата дека несвестицата и мачнината се резултат на ритуално започнување во нарко картел или банда.

Девојките кои паднале во несвест, вклучувајќи ја и Есмералда, одеднаш биле третирани како деликвенти. Теориите и гласините се множеа, цврсти заклучоци сè уште не пристигнаа. Започна колективното сослушување на девојчињата кои паднаа во бессознание. Прегледот го извршил психолог, а на децата им биле земени отпечатоци од прсти. Испитуван е и можен пренос од воздух. „Најтврд доказ“ во Бочила беше фактот дека четворица биле позитивни на кокаин, но тоа не објасни што се случило со другите 64 кои биле негативни.

Рационално објаснување на епидемиологот

Човекот кој понудил рационално објаснување е мексиканскиот епидемиолог Карлос Алберто Пантоја Мелендез , кој прв ги урна теорија по теорија: огромното мнозинство ученици беа негативни на лековите, идеите за стрептокока од блиските фарми, топлотните удари и слично се покажаа нелогични. Немаше докази за орален внес на токсини. Единствениот преостанат логичен заклучок беше – масовна хистерија или масовна психолошка болест. Карлос Алберто Пантоја со години собира докази за масовни психолошки болести; создаде база на податоци со 3.500 примери, од кои некои датираат од средниот век. Напишал 60 научни трудови на тема масовна хистерија. На крајот, други експерти, како Сајмон Весли – професор од Кингс колеџот во Лондон, ја потврдија тезата на Пантоја.

Инсајдер објави долга приказна за невообичаени случаи на несвестица во Мексико, која ја заклучуваат со тезата за феноменот на ширење на психолошки проблеми со застрашувачки симптоми: „Масовната хистерија е ретка психолошка појава во која едно лице покажува неочекувано однесување како што е несвестица, врескање или грчење, а потоа други(те) во близина на лицето ненамерно ги повторуваат симптомите. Епидемиите можат да траат неколку часа или месеци, а се појавуваат особено во средини со строга хиерархија и каде што луѓето поминуваат многу време заедно, како што се работни места, верски центри и училишта. Иако често е заразно помеѓу луѓе кои се емотивно блиски, како Дијана кога гледа дека Есмералда се онесвестува и потоа и таа се онесвестува, може да се прошири и меѓу луѓето во истиот простор кои не се познаваат“.

Во Шведска, на пример, се забележани бројни случаи на деца бегалци со синдром на резигнација. Во 2011 година, во Њујорк, голем број студенти почнаа неконтролирано да се грчат и да зборуваат некохерентно. Од 2016 до 2018 година, студентите во Непал беа зафатени од масовни напади на плачење и викање. Во 1962 година, повеќе од 1.000 деца во Танзанија не можеле да престанат да се смеат со месеци.

Епидемиолозите откриле дека студентите во различни делови на Мексико имале информации преку групи на социјалните мрежи за првите инциденти. Пантоја Мелендез проценува дека успеал да го сними првиот случај на масовна хистерија што се проширил на интернет, а за својата теза добил поддршка од други научници, како што е д-р Роберт Бартоломеј, професор по психологија од Универзитетот во Окленд. Тој изјави дека предавањето на учениците преку апликации на социјалните мрежи или пораки на WhatsApp е причина за несвестица кај девојчињата во Мексико и дека тоа е очигледна репликација на симптомите.

Првите знаци дека социјалните мрежи можат да шират случаи на масовна хистерија се појавија за време на локдаунот во Велика Британија и во некои други земји, кога појавата на тикови била забележана кај тинејџерите по гледањето видеа од луѓе со Туретов синдром на TikTok.

Пантоја-Мелендез наоѓа врска меѓу британските и мексиканските случаи на масовна хистерија: „Овие деца беа во своите домови речиси две години. Тоа е значајно во однос на врската помеѓу мозокот и имунолошкиот систем. Видовме секакви чудни работи што се случија минатата година“.