Се уште не е познато дали проектилот е поврзан со конфликтот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
- Ракета падна во близина на медицинска установа во египетското одморалиште Таба на Црвеното Море, во близина на границата со Израел, при што се повредени шест лица, јавува египетската телевизија Ал Каиро.
Израелската армија објави дека знаела за безбедносен инцидент од другата страна на границата со Египет, пишува Тајмс оф Израел.
Засега не е познато дали проектилот е поврзан со конфликтот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Денеска е 21 ден од конфликтот меѓу Израел и Хамас и откако беше прогласена воена состојба во тој дел од светот.
Ракети со долг дострел беа лансирани од Појасот Газа кон израелските градови Хаифа и Еилат, но во тие напади нема повредени. Во меѓувреме, израелските власти престанаа да издаваат визи за претставници на Обединетите нации.
Медиумите јавуваат дека американските воени советници се обидуваат да го убедат Израел да не започне копнена операција во Појасот Газа и да не го повтори искуството од тешките урбани битки кои се водеа за време на ирачката кампања.
Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е подготвен за копнена операција, но не откри кога и како ќе се случи.