Ракометарите на „Вардар 1961“ го совладаа „Татран“ во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен првак „Вардар 1961“ ја забележа втората победа во регионалната СЕХА лига, откако вечерва во Скопје триумфираше над словачки „Татран Прешов“ со убедливи 29-24 (15-10) во рамки на 3. коло во групата Б.

Македонскиот состав му се реваншираше на словачкиот тим за поразот на гостински терен во воведниот натпревар во групната фаза (23-27) и со втората победа го презеде лидерското место во групата. 

Најефикасен во редовите на црвено – црните беше Јан Чувара со пет погодоци. 

Во завршниот натпревар од групната фаза „Вардар 1961“ на 28. овој месец во Белград му гостува на Партизан.