Рама: Во финална фаза реконструкцијата на Пирамидата во Тирана, ќе биде најголем центар на дигитална технологија на Балканот

Јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада денеска им нареди на јапонските сили за самоодбрана да бидат подготвени за евентуално паѓање над територијата на Јапонија на ракетата што го носи првиот севернокорејски разузнавачки сателит, јавија јапонските медиуми.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и наредил на вселенската агенција да ги финализира подготовките за лансирање на сателитот, соопштија минатата недела севернокорејските медиуми. Точниот датум на лансирањето не беше посочен.

За евентуален одговор во случај на паѓање на ракетата-носач, Јапонија се подготвува да користи копнени ракетни комплекси „Патриот Пак-3“ (Patriot PAC-3) и воени бродови со комплекси „Ејџис“ („Aegis“) со ракети пресретнувачи Ес-ем-3 (SМ-3).

„Ќе се подготвиме да можеме да реагираме на секоја околност што може да и наштети на Јапонија“, изјави извор за јапонските медиуми.