“ДА, ТОЈ Е ВО БЕЛОРУСИЈА!“ – Александар Лукашенко потврди дека Евгениј Пригожин пристигнал и најави голема реформа во Армијата под водство на ‘готвачот’ !?

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека основачот на приватната воена група Вагнер, Евгениј Пригожин е во Белорусија, пренесува белоруската државна медиумска агенција Belta.

Да потсетиме, според договорот со посредство на Александар Лукашенко во саботата и со кој заврши бунтот на Вагнер во Русија, Евгениј Пригожин требаше да се пресели во Белорусија.

Неговите луѓе имаа избор да му се придружат или да бидат интегрирани во редовните руски вооружени сили.

Александар Лукашенко, исто така, кажа дека неговиот министер за одбрана, Виктор Креников, му рекол дека не би имал ништо против да има единица како Вагнер во белоруската Армија. Тој му наложи на Виктор Креников да разговара за ова со Евгениј Пригожин, пренесува медиумската агенција.

Претходно денес беше објавено дека авион поврзан со Евгениј Пригожин ја напуштил Москва и слетал во Белорусија, а американски функционер изјави дека престојувал во еден од ретките хотели во Минск без заштитни прозорци.

Евгениј Пригожин не е виден во јавноста откако во саботата го напушти јужниот руски град Ростов на Дон, откако им нареди на своите платеници да се повлечат и да прекинат со бунтот.