Рама за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ: Процесот мора да се забрза

– Премиерот на Албанија, Еди Рама, учествуваше на форумот „Берлин глобал дијалог “ во Германија, и беше дел од панелот на тема „Геополитичката улога на Западен Балкан“, фокусиран на улогата што може да ја одигра Западен Балкан во зајакнувањето на геополитичката и економската иднина на Европа.

Рама истакна дека Западен Балкан има прилично тешка историја, но според него, тој е во срцето на Европа и „нема друго решение освен приклучување на Западен Балкан во ЕУ“.

„Комплексноста на Западен Балкан денес е уште една причина зошто треба да се забрза процесот на приклучување на Западен Балкан (во ЕУ). Ние сме во средината на многу актери. Не зборувам за Албанија, бидејќи Албанија е многу, многу јасна. Иако имаше историја која ја научи многу за големите играчи, дури и кога другите или не ги познаваа, како Кина или како Русија, кои ги признаваа на најтешкиот можен начин, затоа што секогаш сме многу лојални, ние претеравме со тоа што бевме лојални на суровите диктатори, како Сталин“, рече Рама.

Тој истакна дека во другите земји има поголемо руско присуство, поголемо руско влијание и според него, „тоа треба целосно да се ублажи, со поголемо интегрирање на Западен Балкан во ЕУ“.

Премиерот Рама рече дека треба да се отворат нови простори за земјите кандидати и дека за неколку недели ќе го одржат самитот на Берлинскиот процес во Тирана.

Тој нагласи дека руската агресија (против Украина) на сите им ги отворила очите и ги освестила сите за важноста на Западниот Балкан за ЕУ.

Зборувајќи за дебатата меѓу него и рускиот претставник во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), Рама рече: „Ако немаш тешко оружје, треба барем да имаш хумор и токму така, тоа е нешто што Русите го немаат. Затоа што без никакво оружје, без хумор, тогаш готов си.“

„Берлин глобал дијалог“ е меѓународен форум кој ги обединува лидерите од политиката и бизнисот за да најдат заеднички решенија за глобалната економија во транзиција.