Рама не стравува од СПАК вели е добредојден елемент во политичкиот живот

– Албанскиот премиер Еди Рама, за abcnews.al одговарајќи на прашањето дали Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, е „вознемирувачки елемент за владата“ тој отсечно вели „не“.

-Не. СПАК е добредојден елемент во политичкиот живот и е добредојден елемент во нашиот секојдневен начин на владеење затоа што е око кое самостојно и независно ја следи нашата владејачка активност за јавно добро, па што е уште една причина да работиме подобро, одговара тој.

Меѓу другото го коментираше суспендирањето на средствата од ИПАРД II за земјоделството од страна на ЕК, поради наводни злоупотреби.

Рече дека ова прашање ќе се испита бидејќи нема конкретни податоци и дека се очекува извештајот на ЕУ за ова прашање.

-Тоа е прашање што ќе го разгледаме конкретно. Немаме конкретни податоци, ќе треба да го чекаме извештајот што ќе дојде од ЕУ, но тоа е знак на добра волја да бидеме целосно отворени во овој однос со ЕУ и да им создадеме за нив и за нас удобноста на комуникација поврзана со проблемите и нивно решавање без да има ќор-сокак на министер, во овој случај на министерката која, според мене, изврши извонредна работа како министер за земјоделство, што го поврзува периодот на нејзиниот престој на функцијата со период кога се откриени овие проблеми, изјави Рама.

Опозицијата но и повеќе од медиумите смената на министерката Фрида Крифца од функцијата ја поврзуваат токму со ова прашање.

Во неговиот познат стилот одговара и на прашањето дали Грција, како што се заканува, ќе го попречи членството на Албанија поради прашањето „Белери“.

-Не верувам дека грижата на Грција ќе продолжи до 2030 година и ако оваа работа остане до Белери, нека биде, па и никогаш да не влеземе во ЕУ. Но, не верувам дека ова ќе остане таму, ова е прашање за кое повеќе е бесмислено да се разговара. Што се однесува до хуморот, 2030 година за мене не е многу важна, без разлика дали сме формално или не во ЕУ, за мене е важно да станеме земја со сите параметри на ЕУ за нас самите, за нашите деца, изјави Рама.

Го повтори својот став дека работата е предмет на органите на правдата, тие се тие кои ќе одлучат што ќе се случи со него.