Ранетиот полицаец пуштен на слобода: Му пукаа во ресторан во Автокоманда, беше опериран, па приведен! Одби да зборува за пиштолот (фото)
Вишиот суд во Белград му изрече забрана на Бојан Т., суспендиран полицаец кој беше тешко ранет во пукотница што се случи на 30 јули во ресторан во Автокоманда, со која му забрани да се приближува, да се среќава и да комуницира со одредени сведоци.
Да потсетиме, полицаецот беше уапсен вчера. Веднаш штом бил отпуштен од болница, бил приведен под сомнение дека кобниот ден носел пиштол за кој немал дозвола.
– По рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Белград, на кое не сакаше да ја даде својата одбрана, наведувајќи дека не се чувствува добро и е во лоша здравствена состојба, осомничениот е изведен пред судијата за претходна постапка, кој му изрече мерка забрана за приближување, средба и комуникација со две лица – потврди соговорник за српски Курир.
Вишото јавно обвинителство во Белград, да потсетиме, по рочиштето му предложило на судот, полицаецот да биде приведен, а на ваквата одлука на судот, како што дознаваме, обвинителството ќе поднесе жалба.
Да потсетиме, на 30 јули суспендираниот полицаец беше ранет три пати во стомакот и еднаш во раката, истиот ден беше опериран и до вчера беше на болничко лекување. Веднаш штом бил пуштен од болница, по наредба на Вишото јавно обвинителство е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење и носење оружје.
Сè уште се трага по напаѓачот на полицаецот. Се сомневаат дека седеле на иста маса и се скарале пред пукањето.
Осомничениот за обид за убиство, потоа отишол до својот автомобил, ставил фантомка, се вратил во ресторанот и го застрелал Бојан Т.
Според неофицијални информации, Бојан Т. на полициските службеници им рекол дека не го познава напаѓачот по кој се трага. Пукањето во ресторанот го снимиле безбедносните камери.