Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се опоравува од операцијата на менискусот и повредата која го натера да се повлече од Ролан Гарос, а тоа не го спречува Ноле да се пошегува на своја сметка.
Новак сподели слика на социјалната мрежа „Инстаграм“, а на неа се гледа како крокодил (симболот на неговиот главен спонзор) има преврзано колено.
Алузијата е јасна, шампионот е ранет, но опоравувањето оди максимално добро.
Се надеваме дека Ноле ќе се опорави што побрзо, а среќен е што може да се пошегува на своја сметка.