Раскинала со своето момче, а утрото ја чекало непријатно изненадување: „Морав да трчам до ресторанот“
„Нема да лажам, се насмеав потоа“, признала таа подоцна
Неименувана девојка го сподели своето искуство на Редит пред неколку години и тоа предизвика големо внимание. Приказната е ажурирана одново.
Таа тврдела дека нејзиното поранешно момче и приредило непријатно изненадување , а корисниците не останале рамнодушни.
Се започнало откако таа му соопштила на своето момче дека раскинува, а како причина меѓу другото навела дека „не остава бакшиш“.
Не долго после тоа, таа отиде во спалната соба, за бившиот да си ги спакува работите – и заспа.
Кога се разбудила, ја чекало непријатно изненадување, пренесува LadBible .
„ Ми ја украде тоалетната школка! Тој е лиценциран водоинсталатер и знаел што прави. Нема да лажам, и јас се насмеав после. Раскинувањето може да биде интересно“, напиша таа.
Сепак, не и беше смешно што помина малку време трчајќи во блискиот ресторан кога требаше да оди во тоалет. На крајот, таа контактирала со друг водоводџија и го решила проблемот.
Девојката тврдела дека бившиот одбил да остави бакшиш, бидејќи слушнал дека тоа го прават во Јапонија и дека никогаш не плаќал струја додека живееле заедно.
Приказната предизвика лавина од коментари, при што едно лице напиша: „Ова е смешно. Жал ми е за раскинувањето и губењето на тоалетот, но морам да се смеам. Многу педантно го отстрани“.