Пејачката Џенифер Лопез на една забава во Њујорк се појавила како снежна кралица.
Познато е дека зимите во Њујорк знаат да бидат сурови, но на пејачката и актерка Џенифер Лопез тоа воопшто не и’ пречи.
Таа отишла на забава во споменатиот град, облекла прекрасна, раскошна бела бунда, а под неа имала заводлив, секси бел фустан.
Секако, неколку парчиња накит што привлекува внимание го комплетираа целиот нејзин изглед, а многумина беа воодушевени и од нејзините чизми.
Чизмите имаа помала потпетица, но светките што ги покриваа одлично се совпаѓаа со остатокот од облеката.