РАСПАД СИСТЕМ ВО БАЕРН! Го сменија тренерот и испаднаа, а директорите сега како си ги мијат рацете – „Држат состаноци и поставуваат ултиматуми!“
Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ во конкуренција за најлоша фудбалска одлука во 2023 година.
Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан донесоа шокантна одлука да го заменат Јулијан Нагелсман и покрај добрите резултати и да го назначат Томас Тухел за тренер. Никој не може да гарантира дека Нагелсман ќе го исфрли Манчестер Сити со Баерн, но по лесната елиминација на тимот на Тухел (вкупен резултат 4:1), секако дека одговорноста е на директорите кои направија непопуларен потег кој можеше да ги претвори во визионери, меѓутоа засега не е така…
Тухел победи само на два од првите шест натпревари во Баерн, еден од најлошите стартови за менаџер во историјата на баварскиот гигант, а најлошо од сè, резултатите се најмалиот проблем. Атмосферата е катастрофална, видовме и дека Мане го удри Сане, па многу фудбалери едвај го чекаат летото за да избегаат од Минхен.
Причината се токму директорите на Баерн кои им го свртеа грбот на играчите и целата одговорност ја префрлија на нив. Така, во интервју за „БИЛД“, Оливер Кан силно удри по најголемите ѕвезди: „Фудбалерите на Баерн мора да знаат она што по нивните игри мислам дека не го знаат – а тоа е што всушност значи Баерн. Ова особено се однесува на одлучувачкиот дел од сезоната. Ќе имавме шанси дури и против Сити да го покажеме тоа на теренот“.
Исто така, Оливер Кан оцени дека Тухел мора да го реши проблемот со мотивираноста на играчите бидејќи заклучил дека на тимот „нема волја“, односно смета дека тоа е главниот камен на сопнување: „Ова не смее да биде карактеристика на Баерн, кој секогаш го краси амбиција и секогаш одиме на победа. Затоа нè болат игрите и резултатите. Испаѓање од Купот, бод против Хофенхајм…“
На ист став е и Хасан Салихамиџиќ, кој ги обвини судиите за елиминацијата на Баерн од Лигата на шампионите (вкупен резултат 4:1 за Сити), а „Билд“ открива што навистина мисли Брацо: „Спортскиот директор Брацо Салихамиџиќ почна да води индивидуални разговори со играчите. Сите ќе имаат приватни сесии со него. Брацо инсистира да покажат поголема самокритика и да преземат одговорност. Нема повеќе простор или време за изговори.“
Исто така, управата е бесна на бројни играчи на Баерн и на многу од нив им е поставен ултиматум. Имаат два месеци да докажат дека се доволно добри за Баерн, а ако не успеат – летото ќе одлетаат од клубот. Се чини дека ова стигна до Мазрауи, кој по елиминацијата против Сити се пожали на Тухел и рече дека не може да верува дека тој е само трет избор.