РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ЈАПОНИЈА: Најмалку четири лица загинаа, во тек е потрагата по исчезнатите под урнатините! (ВИДЕО, ФОТО)

Повеќе од 80 земјотреси денеска ја погодија островската држава, додека најсилниот беше измерен со 7,6 степени според Рихтеровата скала, а според локалните медиуми, најмалку четири лица загинаа во земјотресот што предизвика бранови од цунами и ги оштети патишта, инфраструктура и транспортни услуги.

Малку по 17:00 часот, два нови земјотреси со јачина од 3,6 и 3,7 степени според Рихтеровата скала повторно ја погодија земјава.

Според локалните медиуми, се уште се трага по неколку лица, за кои се верува дека се под урнатините.

Земјотресите кои продолжија да ја потресуваат Јапонија беа со јачина помеѓу 3,1 и 6 степени според Рихтеровата скала, по најсилниот од 7,6 степени во 16 часот по локално време.

Јапонските власти ги предупредија жителите на погодените области да се евакуираат на повисоките места по земјотресот со јачина од 7 степени според јапонската шинтоистичка скала – најсилниот рејтинг – го погоди полуостровот во близина на Ното во префектурата Ишикава околу 16:10 часот (локално време).

Сите предупредувања за цунами издадени претходно денеска се намалени на „советодавни“, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Предупредувањето, кое укажува дека постои ризик од бранови од 3 метри или повеќе, беше наметнато утрово, но оттогаш е намалено, по разорниот земјотрес.

Според „Скај њуз“, земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала бил најсилниот во регионот во повеќе од четири децении, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Се стравува дека две лица се мртви во Нанао, на полуостровот Ното, откако две лица биле пронајдени без знаци на живот. Исто така, како последица на земјотресот имаше пожари од големи размери во некои градови, како и уривање на голем број куќи. Во Ишикава, 32.500 домови останаа без струја, додека повеќе од 51.000 беа евакуирани.

Епицентарот на земјотресот бил во регионот Ното, кој е подложен на земјотреси бидејќи длабочината е мала, што е погодно тло за големи и чести земјотреси, пренесува „The Japan Times“.