Рафаел Надал не знае кога ќе се врати на теренот

Надал беше надвор од терените поради повреда на колкот од 18 јануари и првично се очекуваше да се опорави шест до осум недели.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека е во „тешка“ ситуација, бидејќи не знае кога ќе се врати на теренот по паузата предизвикана од повреда, пренесува Анадолија.

Надал беше надвор од терените поради повреда на колкот од 18 јануари и првично беше објавено дека е на опоравување шест до осум недели.

Шпанецот потврди дека ќе го пропушти Мадрид опен кој започнува на 25 април, а неговото учество на Ролан Гарос во мај е доведено во прашање.

„Не можам да дадам рокови за враќање, бидејќи да знаев ќе ви кажам, но не знам. Така стојат работите сега“, вели Надал во видеото што го објави на социјалните мрежи, пренесува Би-би-си.

22-кратниот победник на Грен слем во сингл веќе ги пропушти Индијан Велс, Мајами Опен и Мастерсот во Монте Карло.