– Македонскиот кошаркарски стручњак и тренерот на ЦСКА, Емил Рајковиќ, се осврна на вчерашната победа над Локомотив Кубан (98:75) во шестиот натпревар од полуфиналето на плејофот на ВТБ-лигата.
– Честитки до играчите. Бевме под притисок од резултатот. Не можевме да си дозволиме пораз кој ќе значеше за нас крај на сезоната. Мило ми е што тимот одговори правилно. Сега резултатот е изедначен, 3:3 и ќе решава мајсторка. Никола Милутинов покажа одлучност да игра, иако нашите лекари не му дадоа никакви прогнози за термините на рехабилитација. Тој помина седум минути на теренот и внесе стабилност во нашата игра. Се надевам дека неговата состојба ќе продолжи да се подобрува, а тој ќе ни помага се повеќе и повеќе, изјави Рајковиќ.
ЦСКА Москва го израмни резултатот во серијата прв до четири. Решавачкиот натпревар ќе се одржи во Москва на 1 мај.