Рајко Чаушевиќ е роден во Цетиње, Црна Гора. Неговото скромно (па и сиромашно) детство го натерало да биде тоа што е денес – еден од најголемите крадци во светот.
Со крадење почнал да се занимава од најмали години крадејќи овошје и зеленчук од пазарите а потоа прераснал во вистински криминалец кој ,,оперирал” низ цела Европа.
Откако го ,,испекол” занаетот тој ја формирал и светски познатата криминална група ,,Пинк Пантер” која ја сочинувале луѓе главно од Балканот (Србија, Македонија, Црна Гора, БиХ). Оваа криминална група воглавно ограбувала златари кои продавале само висококвалитетно злато, дијаманти и скапи часовници.
Рајко беше гостин во емисијата ,,Во Центар” каде за македонската публика раскажуваше за своите најголеми кражби, начинот на кои ги вршел делата, лажирањето на докумемтите за идентификација и слично.
Во разговорите со новинарот Васко Ефтов Чаушевиќ изјави дека Америка и ЦИА се најголемите нарко- дилери:
-,,Америка и ЦИА се најголемите нарко-дилери. Не можете да продадете кокаин ако вие не соработувате со нив и ако од вашата заработувачка не одвоите одреден процент за нив. Јас никогаш не сум крадел во Америка но многу добро знам како функционира сето тоа.“
Во овие две интервјуа Чаушевиќ ја отвори душата па ги раскажа сите свои подеми и падови, најголемите искушенија, начинот на организирање и подготовка на кражбите и кој сè учествувал во нив, за неговото робијање и друго.
Во прилог можете да го погледнете и другото интервју: