Развојот на вештачката интелигенција може да ги загрози работните места на речиси 80 отсто од жените во САД

 – Развојот на вештачката интелигенција (ВИ) би можел да ги загрози работните места на речиси 80 отсто од жените во САД, покажува новото истражување на Универзитетот во Северна Каролина.

Околу 59 милиони вработени жени во САД се занимаваат со професии кои се загрозени од автоматизацијата и развојот на вештачката интелигенција, пренесува Cи-Ен-Ен.

Вработените мажи се исто така изложени на овој ризик, но во помала мерка, бидејќи напредокот на вештачката интелигенција е потенцијална закана за 58 отсто од машката работна сила.

Според мајските податоци на американското Министерство за труд, учеството на жените на возраст меѓу 25 и 54 години на пазарот на труд во САД било на ниво од 77,6 отсто, што е највисоко во историјата.

Главниот автор на гореспоменатото истражување, Марк Мекнили, наведува дека жените се најприсутни во областите како канцелариски и административни работни места, во здравството, образованието, услугите за социјална заштита или библиотекарството. Според него, развојот на вештачката интелигенција не секогаш значи дека некој автоматски ќе ја изгуби работата.