СДСМ: Одговорност за дивеењето на Левица во Собранието мора да има

 Одговорност за дивеењето на Левица во Собранието мора да има, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ Миле Талевски.

– Целата македонска јавност виде што следи со Левица и ДПМНЕ, каков хаос им следи на граѓаните. Односот на Левица  и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните. СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица и нивните коалициски партнери како ДПМНЕ да успеат, рече Талевски, одговорајќи на новинарско прашање за вчерашниот инцидент во Собранието во кој учествуваа пратениците на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев.