Јенс Столтенберг: “НАТО размислува за постојано зголемување на војниците во Косово“

НАТО размислува за постојано зголемување на бројот на војници во Косово за да ги држи тензиите под контрола, порача во понеделникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

НАТО испрати стотици дополнителни војници на Косово од Велика Британија и Романија по судирот меѓу полицијата и вооружените Срби во мирното село Бањска во северно Косово и истото го претвори во воена зона на 24. септември.

Сега размислуваме дали има потреба од трајно зголемување за да се осигураме дека ова нема да излезе од контрола и дека нема да се создаде нов насилен конфликт во Косово или во поширокиот регион“, изјави Јенс Столтенберг за новинарите при посетата на Косово.

Немирите во септември предизвикаа нова меѓународна загриженост за стабилноста на Косово, кое има етничко албанско мнозинство и прогласи независност од Србија во 2008 година по герилскиот бунт и интервенцијата на НАТО во 1999 година.

с. Бањска, Косово

КФОР, мировната мисија на НАТО која работи од 1999 година, се состои од повеќе од 4.500 војници од 27 земји.