„Уапсен е шефот на Кавачкиот клан!” Црногорскиот мафијаш ,,падна” поради 2,5 тони кокаин: Преслушкуваната комуникација откри валкана работа!

Црногорецот Милош Радоњиќ, капетанот на бродот „Макси Јена“ е уапсен во Трст по американска потерница за шверц на кокаин, јавуваат италијанските медиуми!

– Бегаше од полицијата, а долго време беше под истрага на Министерството за внатрешна безбедност и други американски федерални агенции, кои го сметаат за еден од водачите на транснационална криминална организација – пишува РАИ.

Истрагата на американските истражители траеше со години и исто така се заснова на ,,провалени” пораки и други комуникации разменети од групата преку различни веб-апликации.

Според обвинението, Радоњиќ „го координирал планирањето и транспортот“ на пратките на дрога од Јужна Америка во Европа.

Поради оваа причина, со оглед на неговата „многу висока опасност“, беше побарано негово апсење.