Додека уживате во ова вкусно овошје, имајте на ум дека вие го внесувате најсовршениот подарок на природата во вашето тело.
Смоквата е едно од најрано одгледуваните овошја од човекот, а не само што е вкусна туку има и голем број здравствени придобивки. Смоквата често се нарекува медитеранско рајско овошје, бидејќи е едно од најздравите овошја воопшто. Богата е со голем број фитонутриенти, витамини и антиоксиданти. Потекнува од Мала Азија, а се одгледува уште пред пченицата. Смоквите му припаѓаат на семејството дудинки, а плодовите доаѓаат во три бои: зеленикаво-жолта, виолетова и од темновиолетова до црна.
Иако сувите смокви ни се достапни во текот на целата година, ништо не може да ги замени свежите. Можете да ги замрзнете слатките, месести плодови и да ги користите подоцна за колачи и штрудли, како и за џемови.
Благотворното дејство на смоквите започнува од лечењето на акни и мозолчиња, до превенција од рак. Смоквите се богати со бета каротен, витамини А, Ц, Е и К, калциум, железо и други минерали.
Еве 15 добри причини зошто треба да ги вклучите смоквите во вашата редовна исхрана.
Превенција на рак
Смоквите покажаа одлични резултати во намалувањето на ризикот од рак на простата. Исто така, се верува дека помагаат при рак на дојка во периодот по завршувањето на менструацијата.
Го намалуваат холестеролот
Срцев или мозочен удар може да се случи поради стеснување на артериите. Покрај холестеролот, на оштетувањето на срцето влијае и зголемените триглицериди. Докажано е дека смоквите поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта. Растителните стероли како што се стигмастеролот и ланостеролот, кои ги содржат смоквите, се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција.
Превенција од висок крвен притисок и срцев удар
За здравјето на кардиоваскуларните органи се многу важни омега 3 и омега 6, кои ги има во изобилство во смоквите. Смоквите се добар извор на калиум, минерал кој го регулира крвниот притисок.
Помош во лекувањето на дијабетес
Поради количеството шеќер што го содржат смоквите, на дијабетичарите им се советува да внимаваат при нивното користење. Меѓутоа, доколку се користат во умерени количини, може да дојде до намалување на потребата од количината на инсулин кај дијабетичарите.
Ја подобруваат меморијата
Редовното консумирање смокви ја спречува анемијата и ја подобрува меморијата. Само 4 суви смокви обезбедуваат дури четвртина од препорачаната дневна доза на железо што му е потребно на нашиот организам.
Лаксативно дејство и лек за стомачни заболувања
Компотот од смокви делува како лаксатив. Смоквите во народот се познати како лек за чир и гастритис. Ја намалуваат надуеноста во желудникот, ја подобруваат функцијата на цревата и ги отстрануваат грчевите во стомакот. Ги уништуваат црвите и другите цревни паразити. Го подобруваат празнењето на цревата, ја намалуваат потребата од лаксативи, без да предизвикуваат зависност, цревни грчеви и дијареа.
Помош при хемороиди
Секојдневното консумирање смокви е исто толку ефикасно во лекувањето на хемороидите како и самите лекови.
Здрави се за кожата
Кога се нанесува директно на кожата, печената смоква може да излечи воспаленија како што се апсцеси и чиреви.
Ги третираат акните
Поради високата содржина на вода, пирето од смокви делува како одличен препарат за чистење на кожата и помага во превенција и третман на акни.
Ги заменуваат млечните производи
Доколку сте нетолерантни на млечни производи, смоквите можат да ви помогнат. Тие се полни со калциум и затоа се одлични алтернативи за оние кои не можат да пијат млеко или јогурт.
Убиваат вируси
Свежите смокви делуваат смирувачки при воспаление на бронхиите. Содржат многу вода и природни шеќери, па се корисни за закрепнување од исцрпеност и детоксикација. Крупно мелените смокви се користат и за приготвување на кафе, кое се препорачува за оние кои патат од белодробни заболувања. Смоквите и нивниот млечен сок имаат силно антисептично и дезинфекционо дејство.
Помагаат при губење на тежината
Богати со диетални влакна, се користат во диети и кај луѓе кои страдаат од дебелина. Имаат малку маснотии и обезбедуваат повеќе влакна од кое било друго овошје и зеленчук.
Ги штитат коските
Богати се со калциум, минерал кој има многу функции, вклучувајќи ја и густината на коските. Особено се добри за децата во развој, бремените жени и постменопаузалните жени склони кон остеопороза. Можете да ги јадете свежи, но и сушени, кои содржат пет пати повеќе калциум.
Ја елиминираат несоницата
Содржината на тритофан во смоквите помага во лекување на несоница и нарушувања на спиењето. Минералниот состав позитивно влијае на нервниот систем, па помага и при депресија.
Ја зголемуваат сексуалната желба
Со оглед на тоа што се одличен сојузник во борбата против стресот, кој е еден од главните виновници за губење на сексуалната желба, смоквите можат да ви го спасат сексуалниот живот и уживањето, секако со редовна употреба.