– Редок розов дијамант, чија вредност се проценува на 35 милиони долари, ќе биде понуден на наддавање во јуни, во Њујорк, САД, објави денеска аукциската куќа „Сотби’с“.
Скапоцениот „чист“ камен од 10,57 карати, ископан 2019 година во рудник во Боцвана, првично имал 23,78 карати. Наддавањето е закажано за 8 јуни во Њујорк. Продажбата на дијамантот наречен „Вечно розов“ (Eternal Pink) ќе се одржи во рамки на специјалната недела на продажба на накит.
– Тоа е дијамант, најредок меѓу ретките, камен без споредба… Се оценува на околу 3,3 милиони долари по карат, или нешто повеќе од 35 милиони долари, што претставува највисока проценка по карат за скапоцен камен што се нуди на пазарот, изјави раководителот за продажба на накит во „Сотби’с“, Вилард Ебен Александар.
Актуелниот рекорд по цена добиена за продажба на розов дијамант „Вилијамсон“ од 59,6 карати е постигнат во Хонг Конг во 2017 година – 71,2 милиони долари. И друг „Вилијамсон“ дијамант од 57,7 милиони долари исто така е продаден во Хонг Конг, 2022 година.