Рекордна температура на површината на Средоземното Море е забележана во четвртокот, научниците се фаќаат за глава
Средоземното Море во четвртокот ја достигна највисоката температура досега, изјавија шпански истражувачи за AFP, соборувајќи го рекордот поставен во јули 2023 година.
„Рекордот за максимална температура на површината на морето беше срушен во Средоземното Море, со дневна просечна средна од 28,90 степени Целзиусови“, соопшти водечкиот шпански Институт за поморски науки.
Претходниот рекорд беше забележан на 24 јули 2023 година со просечна вредност од 28,71 Целзиусови степени.
Овие прелиминарни наоди се земени од сателитски податоци од програмата на Европската унија за набљудување на Земјата Коперник.
Тоа значи дека две последователни лета Медитеранот ќе биде потопло отколку за време на исклучителниот летен топлотен бран од 2003 година, кога на 23 август беше измерена дневна просечна средна од 28,25 степени Целзиусови, рекорд кој постоеше дваесет години.
Ваквите температури го загрозуваат животот во морето. За време на претходните топлотни бранови, беа десеткувани околу 50 видови, вклучувајќи корали и мекотели.
Медитеранската област долго време е класифицирана како жариште на климатските промени.