РЕКОРД – Европа не памети ваква заплена на кокаин: Дури 9,5 тони биле скриени во банани, а потоа полицијата забележала …
Во Шпанија една од најголемите заплени на кокаин е забележана во пристаништето Алгесирас кај Гибралтар. Тамошната национална полиција, во операцијата наречена Нано, заплени речиси 9,5 тони кокаин скриен во кутии со банани во контејнери кои пристигнале по море од Еквадор.
Интересно е што во оваа пратка се пронајдени пакувања со дрога со повеќе од 30 различни логоа, кои служат како знак на признание за различни купувачи, главно европски криминални организации на кои требало да им биде доставен „белиот прав“. Така, на дел од пакетот имало ознака „свастика“, на некои имало натпис „Хитлер“, а меѓу ознаките на пакувањата со кокаин биле и „Луј Витон“, „Тесла“, „Таг Хоер“, „Ајфон“ , „Шевролет“, „Роу 4“, „Вест“…
Како што соопшти шпанската полиција, криминалната организација одговорна за снабдување со кокаин на најмоќните мрежи во Европа имала широка деловна мрежа за испраќање поморски контејнери од Еквадор во Шпанија. Инспекторите откриле дека шверцерите на дрога главно транспортираат дрога до пристаништата Алхесирас и Виго преку компанија регистрирана за меѓународна трговија со банани од Еквадор. Оттаму, робата била испратена по морски контејнери во различни компании во Шпанија контролирани од членови на самата криминална мрежа.
Инспекторите утврдиле дека криминалната организација има голем логистички капацитет на мрежата и дека се способни да испраќаат до 40 пратки месечно во Европа, а во некои од нив повремено доставувале дрога. Со оглед на таквите сознанија, истражителите почнале да ги следат и проверуваат нивните пратки, при што успеале да откријат дека една пратка од 15 контејнери со банани ќе пристигне во Европа на почетокот на август. Затоа во пристаништето Алгесирас ги организирале неопходните мерки за пресретнување на потенцијална пратка кокаин.
Кога „најавените“ контејнери пристигнале во Шпанија, инспекторите ги провериле детално оваа среда и меѓу повеќе од илјада кутии банани пронашле дури 9.436 пакувања од еден килограм кокаин, што е најголемата досега забележана заплена на кокаин во Шпанија. .
„Оваа акција и нанесе невиден удар на една од најважните светски криминални организации во дистрибуцијата на кокаин чии приматели беа главните криминални мрежи во Европа“, истакнуваат од шпанската национална полиција.