Реобновено е Здружението на нефролози во Македонија при Македонско Лекарско Друштво. Имено на конституциалното собрание за претседател беше избрана Проф. Др Ѓулшен Селим, субспцијалист нефролог, докажан лекар и научник во областа на нефрологијата во земјава и странство.
Таа е автор на голем број меѓународни публикации, учесник во научно истражувачки проекти, а секогаш нејзина најголема доблест била едукација на младите лекари и грижата кон пациентите. Со нејзиното назначување продолжува континуитетот на здружението на нефролози кое што во минатото беше формирано во далечната 1970 година одстрана на Проф. Др Димитар Хрисохо, а во продолжениепредводено од нашите истакнати професори Проф. ДрЃеорги Масин, Проф. Др Нинослав Ивановски и Проф. Др Александар Шиколе. Би сакале јавно да се заблагодариме на сите нашите подржувачи со цел на понатамошно унапредување на мулти дисциплинарниот пристап и во насока на подобрување на здравствените услуги и подигнување на квалитетот на образовниот процес во Македонија.