Репрезентацијата на Шведска го дочека Ибрахимовиќ а тој во негов стил порача: “Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација!“
Шведската денеска го дочека враќањето на 42-годишниот Златан Ибрахимовиќ во националниот тим пред воведните квалификациски натпревари за ЕУРО 2024, а напаѓачот на Милан, помалку безобразно, се прогласи за минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација.
Ибрахимовиќ неодамна се врати на терените по пауза од 14 месеци поради повреда на коленото и реализираше пенал за Милан против Удинезе со што стана највозрасниот фудбалер кој постигнал гол во историјата на Серија А.
Пред него сега е дуелот на Шведска против Белгија в петок во Стокхолм во воведното коло од евроквалификациите.
„Доколку се чувствувам добро и доколку селекторот ме одбере, ќе му помогнам нему, на екипата и на својата земја да дадат сè од себе. Затоа мислам дека на овие мои години не можете да размислувате за иднината, мислите на сегашноста – дури и кога јас сум минатото, сегашност и иднина“, им изјави Ибрахимовиќ со иронична насмевка на шведските новинари.
Со 62 голови на 121 натпревари Ибрахимовиќ е најдобриот стрелец во историјата на Шведска, но последниот гол во репрезентативниот дрес го постигна во ноември 2015 година.