Рецепт за крцкави компири што ќе ве натера да заборавите на месото

Со неколку трикови и свежи зачини, може да се извлече гастрономски максимум од оваа скромна храна во која ќе уживаат сите сетила.

Состојки за крцкави компири:

  • 6 средни компири
  • 75 мл маслиново масло
  • 5 чешниња лук
  • 1 лажица сецкан свеж рузмарин
  • 1 лажица сечкана свежа мајчина душица
  • морска сол и бибер по желба
  • малку магдонос за декорација

Подготовка:

  1. Загрејте ја тавата за печење компири во рерна на 220 степени Целзиусови. Ставете ја решетката за печење на дното на рерната.
  2. За тоа време излупете ги компирите 
  3. Исечете го секој компир на четири еднакви делови. Компирите се ставаат во широка тава со масло, лукот во лушпата, рузмаринот и мајчината душица, се посолува и бибер по вкус и се пржи кратко да се соединат сите состојки.
  4.  Компирите во тавата преместете ги во рерна и оставете да се пече околу 55 минути на 220 Целзиусови степени.
  5. Послужете ги компирите топли со малку свежо сечкан магдонос. Добар апетит!