Рецепт за лазања со пилешко и два фантастични сосови: Се топи во устата

Ви претставуваме рецепт за малку поинаква верзија на лазања во која пилешкото е главна ѕвезда. Покрај тоа што е поздрава, оваа лазања е совршен начин за рециклирање на остатоците од пилешко.

Состојки:

500 гр лазања

1 кг пилешки гради

700 мл пасирани домати

300 мл пилешка супа

2 чешниња лук

2 лажици брашно

250 гр рендано сирење

сол, бибер, босилек, оригано

За бешамелот

70 гр путер

2 лажици брашно

600 мл млеко

Сол, бибер

150 гр пармезан сирење

Подготовка:

Пилешките шницли зачинете ги со сол и бибер и испржете ги. Оставете ги топли додека го подготвувате сосот од домати.

На малку маснотии пропржете го лукот, па додадете го брашното. Кога брашното ќе има мирис, додадете ги пасираните домати и пилешкиот супа. Зачинете со сол, бибер, босилек и оригано и варете додека не се згусне сосот.

Подгответе го бешамелот. Во путерот пропржете го брашното и тргнете го садот од оган. Додадете го млекото со постојано мешање за да не се формираат грутки. Вратете на оган, зачинете и на самиот крај додадете пармезан.

На дното на квадратот ставете малку сос од домати. Врз сосот ставете еден слој лазања. Врз лазањите ставете ред пилешки гради, прелијте ги со доматен сос и ставете малку рендано сирење. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите сите состојки, зачувајте само малку од сирењето. Последниот слој нека биде лазањите.

Со бешамел сосот обилно прелијте ги склопените лазањи и посипете со рендано сирење.

Печете 45 минути во рерна загреана на 180 степени.

Совет: Ако ви останало варено или печено пилешко од претходниот ручек, користете го наместо пилешки гради.